Џиу џица како вештина

Џиу џица е вештина за самоодбрана, наменета за лична самоодбрана и укажување на помош на нападнати лица, со цел да се ослободат од напаѓачот. Карактеристично за џиу џицата е тоа што претставува борба без шаблон и без правила на спортска борба. Џиу џицата се состои од техники од Џудо, Карате, Аикидо и други боречки вештини, наменети за ослободување од разни зафати на рацете, телото, облеката, одбрана од разни удари со рака или ноа, одбрана од напади со разни предмети – нож, палка или закана од пиштол.

Поголемиот дел од зафатите во самоодбраната се создадени така за да во првиот момент предизвикаат многу силна болка кај противникот која може да се појави како резултат на некој “лост” прекумерно истегнување или стегнување на зглобот на рацет, фрлање или на притисок врз остеливите витални делови од телотона противникот. Гледано од аспект на психологијата на човекот што примил удар, од што последицата е силна болка инстиктивно се концентрира на повреденото место, понекогаш дури и ја движи раката во тој правец. Ваквата реакција во борба може да биде опасна, бидејќи во тој момент човекот престанал да се бори.
Истрениран човек или оној кој што ја совладал џиу џица вештината, реагира на поинаков начин, односно продолжува со акцијата и доколку е можно на дозволува болката да го парализиа. Затоа исклучително е важно да се постигне степен на автоматизација на техниките и техниката која што се изведува да небиде пореметена од никакви емоционални состојби или размислувања. Како последица на тоа во реална борба телото се поставува во соодветна положба во однос на противникот. Зафатите во џиу џицата претставуваат многу ефикасно, честопати опасно оружје за лична самоодбрана. Во современата џиу џица вештина сите осетливи места се нарекуваат “витални точки” и претставуваат слаби точки и кај најјаките противници. Со удар или притисок на виталните точки може моментално или трајно некој да се онеспособи за борба.
Во џиу џицата постојат голем број на удари – атеми ваза и точно се знае кој удар во која витална точка треба да се пласира. Тука се и тахниките на фрлање – наге ваза. Целта е противникот да се преврти, односно да се најде во таква положба која ќе му оневозмоѓи понатамошна борба. Во арсеналот на џиу џицата исто така се вбројуваат и техниките на лостови – кансецу ваза. Се знае дека на еден зглоб не можат да се вршат движења во сите можни правци, туку само оние кој што се предодредени со самата градба на зглобот. Значи ако се врши движење во погрешна насока доаќа до силна болка, а ако се продолжи со тоа движење и до пукање на зглобот. Лостовите се изведуваат на рацете, нозете, прстите, дланките, стапалата, вратот дури и на рбетот. Ако нема потреба од нивно изведување до крај, доста се погодни за контролирење на напаќачот.

Џиу џица како спорт

Во 1977 година, по заедничка иницијатива на Германија, Италија и Шветска, беше основана Европската џиу џица Федерација (ЕЈЈФ). Десет години подоцна во 1987 година, кога сите главни Европски земји се веќе членки на Европската џиу џица Федерација, спектарот на активности и иницијативи беше проширен до светски рамки.

Во 1987 година, главното Собрание ја формира Интернационалната џиу џица Федерација (ИЈЈФ).
По признанието добиено од главното Собрание на Меѓународните Спортски Федерации во 1993 и по првото учество во светски признаениот повеќеспортски настан (IWGA 1997), главното Собрание на џиу џица во 1998 одлучи да го промени името од Интернационална џиу џица Федерација во Џиу џица Интернационална Федерација (ЈЈИФ) и Џиу џица Европска Унија (ЈЈЕУ). 
Оваа промена во името е направена со цел да се биде во согласност со одередени ПР барања и за да може да се проширува здружението и да се добиваат одредени признаниа.
 
Целта на џиу џица Европска Унија (ЈЈЕУ) е да собере што повеќе спортисти од сите Европски земји и да развие еден дух на пријателство и поврзаност помеѓусите џиу џица организации. ЈЈЕУ ги координира Европските активности на џиу џица, во рамките на ЈЈИФ, воспоставува технички и организациски правила, ги организира и надгледува Европските настани, ги претставува џиу џица насекаде низ Европа и донесува Одлуки за можни контраверзни прашања.

ЈЈЕУ е непартиска организација и не прави разлики помеѓу припадниците од различните религии или националности. ЈЈЕУ е Европскиот форум или место каде што официалните спортски здруженија можат да дискутираат за различни прашања поврзани со активностите на џиу џица со цел да се воспостави календар на Европските активности и да се изберат институциите кои што ќе ги спроведуваат истите.
Џиу џицата е вештина, филозофија, едукација, спорт и секако не може да се ограничи само со овој последен концепт па затоа мора да им се придаде поголемо значење на етичките аспекти на оваа боречка вештина за која што впрочем задолжените лица се одговорни да ги застапуваат пред ЈЈЕУ.

Овие одговорни лица на ЈЈЕУ се задолжени да ги надгледуваат различните предлози кои што доаѓаат од националните членови и другите меѓународни здруженија во склоп на ЈЈЕУ со цел да се утврди дека сите членови ги почитуваат правилата и целите на ЈЈЕУ.

Џиу џица за деца

Вештината е пред се добра за децата уште од мали нозе да го засакаат спортот, уште од мали нозе да бидат физички активни, а со самото тоа да имаат правилен психофизички развој, да ја подобрат рамнотежата, правилно да го пополнат своето време, да учат нешто преку кое ќе станат помирни, пољубезни, ќе почнат да се навикнуваат на работа во групи, вопоставување на партнерско-другарски односи, развој на позитивни комуникации, квалитетен развој на моториката и формирање на позитивни морални особини. Децата што се вклучени во тренинзите им се овозможува корисна и здрава забава со која се заштитени од негативните влијаниа на општеството. Во соработка со родителите и наставниците се обезбедува помош во постигнување успех во учењето.

Основна цел на работата со децата е општо развоен тренинг и учење на техниката а не тренинг со кој организмот се спрема за голем напор. Подоцна или кај надарените деца треба постепено да се воведуваат и да се засилуваат вежбите од специфичен карактер. Следењето на здравствената состојба кај децата со проблеми во координација, со проблеми кај рбетот и кај некој психички пречки, покажало дека со редовен неколку месечен тренинг има позитивни промени.

Џиу џица за девојки

Џиу џицата како боречка вештина е флексибилна, дефанзивна и исклучително ефикасна во реални животни ситуации. Основни карактеристики на техниките се брзина и правовременост на реагирање, вклопување на противничкиот напад, континуитет на изведување на техниката и потполна завршна контрола над противникот со помош на специфични лостови. Флексибилноста во работењето на техниката овозможува да се прилагоди на конституцијата на поединецот и на потребите на моменталната ситуација со што се постигнува максимална ефикасност на примена во џиу џицата.

Џиу џицата низ долгогодишна пракса е проверувана и корегирана додека не се стигнало до оптималното решение – како најбрзо, најефикасно и најекономично да се онеспособи напаѓачот.

За џиу џицата карактеристична е и примената на збунувачките удари во витални точки, кој служат за деконцентрирање на напаѓачоти во моментот на настанатата болка да се дојде до успешно изведување на техниката. Важен дел во изведување на техниките е контрола над противникот на што се посветува посебно внимени во самата техника.

Џиу џицата небара посебна физичка подготвеност ниту старосна граница, со почитување на неколку принципи – пропуштање на противникот во празно и вадење од рамнотежа, овие техники се лесно достапни за припадничките од понежниот пол.