Жена претедател на Џиу џуџу спортот во Македонија

На вчерашното Собрание што се одржа во Хотелот "Изгрев" во Штип, беше избрано новото раководство што ќе ја води Федерацијата во наредните четири години.

За Претседател е избрана Катерина Бошковска, магистер по економија, со завршено образование во Германија, зборува три јазици, Германски , Англиски и Албански, Член и Основоположник на Федерацијата, црн појас 1.Дан во џиу џицу. Директор во ЈП " Комунална хигиена" - Скопје.

Потпретседател Виктор Велинов, Дипломиран Правник, угледен бизнисмен од Штип, во фирма која вработува околу 100 луѓе плус Агенција за обезбедување, зборува два јазика, Италијански и Англиски, Член и Основоположник на Федерацијата, 2. Дан во џиу џицу.

Генерален Секретар Ицо Колевски, Дипломиран Правник, угледен адвокат од Скопје, зборува два јазика, Англиски и Унгарски, во Федерацијата од самото основање. Национален судија.

Спортски Директор Александар Ацевски, Магистер за безбедност, Член, Основоположник и идеен творец на Федерацијата, Претседател на комисијата за полагање повисоки појаси, Селектор на Репрезентација, зборува Англиски јазик, вработен во "Водовод"- Скопје. Носител на највисокиот 4. ДАН во Македонија.

На Собранието се донесени повеќе заклучоци, 7 Правилници за работа, формирани се две Комисии, Дисциплинска и комисија за жалби. Исто така за Претседател на судиска комисија е избран Христијан Јованов од Штип, кој во моментов има Национална А лиценца. Исто така започната е постапка за прием на нов клуб во Федерацијата.

Галерија