Катерина Ацевска супериорно до златниот медал

Катерина Ацевска покажа надмоќ и храброст против најсилните противнички и на величенствен начин триумфираше на „Светскиот куп во џиу џицу“ во Букуреш – Романија, што е еден од поголемите успеси на македонските натпреварувачи.

Ацевска во категоријата + 63 килограми во јуниорска конкуренција во борби убедливо ги совлада противничките од Укрина, Романија и Русија, а во финалето ја совлада Гркинката Софија Квалаки со 16-5.

Ретко кој наш спортист вака убедливо триумфирал над велесилите како што се Украина, Грција, Романија и Русија.

Галерија

Поврзани вести