Актуелно

Европско првенство У16 У18 и У21 2022 година

Од 1-3 Април 2022 година во Крит, Грција се одржа Европското Првенство за деца до 16,18 и 21 година, нашата репрезентација беше составена од 5 натпреварувачи, 3 тренери и едно официјално лице. 
Ова е прв пат за нашата федерација да настапи на европско првенство од кој земаа учество над 680 натпреварувачи од цела Европа и беа постигнати следниве резултати:

1.Данил Николиски У18 -55кг - 5то место
2.Станислав Грпов У18 -60кг - 13то место
3.Катерина Ацевска У21 +70кг - 5то место
4.Јаким Колевски -У16 -66кг - 5то место
5.Зоран Колевски У16 -46кг - 7мо место
Тренери: Виктор Велинов, Александар Ацевски и Христијан Јованов
Официјално лице: Прецедателка на македонска џиу-џицу федерација Катерина Бошковска

За жал не успеавме да стигнеме до медал на ова големо првенство, натпреварувачите покажаа одлични борби но спортската среќа не беше на наша страна. Ова е само потиг за турнирите што следат во иднина.
Резултатите можете да ги видите преку следниот линк:


https://www.sportdata.org/ju-jitsu/set-online/popup_main.php?popup_action=results&vernr=312&active_menu=calendar
 

Галерија